Барселона со кредит во висина од една ипол милијарда евра ќе го „освежи“ стадионот „Камп Ноу“, во план е и изградба на спортски комплекс а раководството на клубот решило да го „продаде“ името на сегашниот стадион.

Каталонците потврдија дека рокот на отплата ќе биде 35 години, во рамки на комплексот е предвидена и сала, Барселона веќе преговара за брендирање на името на стадионот со спонзори кои се заинтересирани за вложување.

Барселона очекува од брендирањето на името на стадионот да инкасира 48 милиони евра годишно.

За  овој проект, Барселона мора да добие одобрение од своите акционери. Од нив 100.000 ќе гласаат на онлајн референдумот на 19 декември, иако се очекува да бидат прифатени сите предлози на администрацијата и да започне нивната реализација.

„Камп Ноу“ е еден од најголемите стадиони во светот, капацитетот е 99.354 седишта.