Според „Марка“ Барселона му „фрли око“ на напаѓачот на Бетис, Лоренцо Морон, кој е една од трансфер желбите на шпанскиот гигант.

Барселона се соочува со огромни проблеми во нападот по повредите на  Луис Суарез и Осман Дембеле, кои нема да играат до крајот на сезоната. Иако трансфер периодот заврши според правилата на Ла Лига, Барса има можност да го доведе Морон доколку се договори со тимот од Севиља.

Откупната клаузула на Морон изнесува  30 милиони евра, а покрај него Барселона се распрашува и за фудбалерот на Сосиедад Вилијан Хозе и искусниот напаѓач на Џирона, Кристиан Стуани.