Откако менаџерот на Барселона, Сетиен јавно призна дека посакува да го има во својот тим Миралем Пјаниќ од Јувентус, тимот од Италија одлучи уште еднаш да ги искористи сите карти кои ги има во раце.

Артур веќе беше понуден во преговорите како и Семедо, но од Јувенутс дознаел дека Ансу Фати не е задоволен од третманот во Барселона и посакува трансфер. Поради ова од Јувентус одлучиле да побараат од Барселона да го вклучат Ансу Фати во размената и со тоа сите да бидат задоволни.

Сари потврдил дека за Фати ќе има место во првиот тим, во новата сезона во која Роналдо се очекува да ја добие централната позиција во нападот па Фати бил играл на неговата природна позиција.