Осман Дембеле во новата сезона во Ла Лига нема да биде дел од составот на Барселона, пренесува „АС“.

Францускиот репрезентативец е ставен на листата на играчи кои се достапни за позајмица, но доколку пристигне примамлива понуда тој ќе може да биде откупен во целост.

Поради финансиската криза со која се соочува каталонскиот гинант ова лето се очекуваат сериозни измени во составот на Сетиен Платата на Дембеле од 10 милиони евра по сезона е сериозен проблем за Барселона, особено поради честите повреди на играчот.

Дембеле е трансфер цел на повеќе клубови од Европа, првичните понуди се за позајмица со вклучен откуп следната сезона.