Жауме Масферер, советникот на претседателот на Барселона Жозеп Бартомеу, е суспендиран, поради скандалот со социјалните мрежи, пишува ESPN.

Овој советник е одговорен за ситуацијата со компанијата „I3 Ventures“ на чии профили се објавуваа постови со поддршка за Бартомеу, но и со големи критики за најдобрите фудбалери, како Меси и Пике. Поради тоа дојде и до итен состанок на кој Бартомеу ги убедувал фудбалерите дека тој не е вмешан во оваа афера.

Но, зачудува фактот што Бартомеу одби да го отпушти својот советник, иако тоа го бараа потпредседателите на клубот, туку само го суспендира и го премести на друга должност.