Менаџерот на Лаутро Мартинез издејствувал повеќегодишен договор и плата од 12 милиони евра по сезона плус бонуси.

Следната недела Барселона ќе започне нова рунда преговори со Интер во обид да најдат заеднички јазик во однос на трансфер оштетата. Од Интер досега беа категорични, бараат да биде исолатена откупната клаузула од 111 милиони евра.

Барселона понуди 60 милиони евра плус Видал и Семедо но и ова беше одбиено од екипата од Италија.

Постои можност Интер да се согласи на 90 милиони евра но и еден играч кој нив ќе им одговара.