Барселоа и Наполи реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампиони ќе го играат пред празни трибини, а причина е коронавирусот кој последните месец дена ја преплави Европа.

„Натпреварот во Лигата на шампионите закажан за среда на 18 март, помеѓу ФК Барселона и Наполи, ќе се одигра на„ Камп Ноу “зад затворени врати“, пишува во клубското сопштение.

Ова е трет натпревар од осминафиналето во елитата што ќе се игра пред празни трибини по дуелите Валенсија – Аталанта и ПСЖ – Борусија Дортмунд.