Двата најголеми фудбалски клубови во Шпанија подготвуваат финански план за функционирање заклучно со јуни 2021 година. Според  „Марка“ управите на Барселона и на Реал Мадрид се подготвени да им соопштат на играчите од првиот тим дека нивната плата ќе биде намалена за 30% во текот на целата следна сезона.

Со ова од Барселона ќе заштедат околу 230 милиони евра на име на плати, слична е состојбата и во Мадрид. Каталонците гу убедија играчите да прифатата намалување на платата додека трае паузата поради Ковид-19, истото се случи и во редовитена „Кралевите“.Според последната најава од Ла Лига се подготвуваат за сериозна финансиска криза а најголемите ќе почуствуваат сериозен удар по буџетите.

Моменталниот план е рестартот во Ла Лига да се случи во средината на јуни, но натпреварите најверојатно ќе се играат без навивачите до почетокот на следната календарска година.