Рековалесцентот Усман Дембеле беше пред враќање на терен, по повредата на бедрото во минатиот ноември, но повторно се повреди, овој пат на тренингот на Барселона.

Според As, кој пак се повикуваше на RAC, Дембеле го напушти тренингот поради болки во задната ложа.

Но, новинарот на CNN International, Џереми Смит, има сосема друга информација и според него Дембеле има скината тетива на десното бедро и најверојатно е загубен до крајот на сезоната.

Тоа се лоши вести за Барселона и за тренерот Кике Сетјен.