Барселона не може да се договори со својот прв голман, Марк-Андре тер Штеген, за продолжување на соработката, пишува Goal.com.

Според овој извор, Барселона сака да го сочува 27-годишниот Германец, чиј договор завршува во јуни 2022 година, но не е подготвена да му ја исполни желбата и да му плаќа 15 милиони евра годишно.

Барселона признава дека тер Штеген заслужува покачување на платата, но и да сака не може да му плаќа толку, поради лимитот определен со финансискиот фер-плеј.

Барселона сепак се надева дека ќе најде решение за својот голман и дека новиот договор ќе важи до 2027 година.

Специјализираниот портал Transfermarkt.com го цени тер Штеген на 90 милиони евра.