Бепе Марота во изјава за Газета Дело Спорт ја предупереди Барселона дека има уште малку време под овие услови да го купи Лаутаро Мартинез, потоа ситуацијата ќе се смени.

Сегашната откупна клаузула од 111 милиони евра важи до 7. јули, потоа ќе важат други услови.

„Барселона знае дека до 7 јули мора да плати 111 милиони, потоа ќе важат други услови, затоа треба да побрзаат“ – изјави Марота.

Лаутаро Мартинез во Интер дојде за 25 милиони евра, сега вреди најмалку 111 милиони.