Управата на Барселона минатата сезона во која ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија им исплатила на играчите 92 милиони евра на играчите од првиот тим и членовите на стручниот штаб.

Каталонците минатата натпреварувачка година вкупно потрошиле 525 милиони евра на плати за играчи и тренерите од кои 417 завршиле на сметката на фудбалерите.

Поради ова на последниот состанок на бордот била донесена одлука за намалување на трошоците за плати како и за бонуси.

Се најавува продажба на неколкумина првотимци следното лето кои заработуваат високи плати а не играат доволно во почетниот тим како што се Ракитиќ, Дембеле и Умтити.