Шпанскиот фудбалски шампион Барселона планира да најде замена за Жорди Алба, кој моментално е единствен лев бек во екипата. Според информациите од Барселона, управата на каталонскиот гигант преговара со фудбалерот на Бетис Жуниор Фирпо.

22-годишен фудбалер, е по потекло од Доминиканска Република и според стилот на игра би требало да биде одлична замена за шпанскиот репрезентативец. За него Барселона ќе плати сума од 28 милиони евра.