Барселона сака да го продаде крилниот напаѓач Осман Дмебеле, има заинтересирани кои го сакаат потписот на Французинот но дали каталонците ги избркаа со цената која ја одредија.
Арсенал е еден од клубовите кои покажаа сериозен интерес за Дембеле но цената која ја одреди Барселона е малку „солена“.
Дембеле според раководството на Барселона нема да го напушти клубот за сума под 60 милиони евра.
Марка тврди дека цената во моментов која е одредена е преголема, кризата во светскиот фудбал го направи своето, Дембеле е преценет.
Дембеле во Барселона дојде во 2017 година за сума 105 милиони евра.
Францускиот напаѓач се смета за едно од најголемите трансфер промашувања во историјата на Барселона.
Comments are closed for this post.