Италијанските медиуми коментираат дека Меси и Суарез не случајно вечерале во италијански ресторан во Барселона при нивната последна средба, беа уловени од медиумите, Интер и Јувентус се во трка за Агентинецот и Уругваецот.

Шансите на Интер да го потпише Меси се помали од оние на Јувентус да го донесе Луис Суарез.

Марка коментира дека без Меси и Суарез, Барселона ќе влезе во „црна дупка“, клубот ќе биде во минус од 79 гола по сезона.

Шпанскиот весник коментира дека без овие двајца, Барселона ќе има сериозен проблем, 79 гола е бројка која тешко се надополнува.