Барселона е заинтересирана за трансферот на дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт.

Ова го соопшти Mundo Deportivo, според кој Барселона ќе ја искористи кризата кај Манчестер Сити, поради двегодишната забрана за учество во европските натпреварувања и ќе го убедува Лапорт за трансфер на „Камп Ноу“.

Лапорт поради повреда пропушти добар дел од сезоната и настапи на само 8 средби во дресот на Манчестер Сити. Според Transfermarkt, вредноста на Лапорт е 75 милиони евра.

Лапорт дојде во Манчестер Сити од Атлетико во јануари 2018 година, а неговиот договор е валиден до 30 јуни 2025 година.