Емили Русо ја обелодени кандидатурата за нов претседател на фудбалскиот клуб Барселона. Претседателските избори во Барселона следуваат во наредните месеци.

Досегашниот прв човек на каталонскиот клуб, Џозеп Бартомеу поднесе оставка по притисокот од јавноста, а кандидатурата за негов наследник денеска официјално ја истакна Русо.

Меѓу неговите планови се наоѓа и промената на името на стадионот, односно домот на фудбалерите на Барса би можел да го носи името на Лионел Меси.

„Ако победам во претседателската трка, ќе сметаме на Чави, Иниеста и Пујол за да создадеме силна врска меѓу врвот на клубот, нашиот прв тим и Ла Масија. Планираме да одржиме и референдум на кој би се гласало за тоа нашиот стадион во иднина да се вика „Камп Ноу – Лео Меси“.“, вели Русо.

Тој открива дека планира да доведат два топ играчи, од кои едниот е Нејмар.