Стравот од Коронавирусот се шири и во Шпанија, реванш мечот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи најверојатно ќе се игра без публика.

Барселона била информирана од локалните власти дека натпреварот со Наполи ќе треба да се игра без публика поради ситуацијата со Коронавирусот.

Според досегашната пракса многу извесно е дека реваншот на  18 март на „Камп Ноу“ ќе биде без публика, првата средба во Неапол заврши без победник 1-1.

Натпреварите под организација на УЕФА, Валенсија – Аталанта (ЛШ) и Гетафе -Интер (ЕЛ) ќе се играат без публика.