Француските медиуми тврдат дека раководството на Барселона планира следното лето повторно да се обиде да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Антоан Гризман ова лето дојде во Барселона како големо засилување во нападот но на старотот од сезоната не ги покажува посакуваните резултати.

Дополнителен проблем за клубот е линкот кој никако да се воспостави меѓу Меси и Гризман. Поради овие причини, во летниот преоден рок во 2020 година, Барселона ќе му го понуда Гризман на ПСЖ за возврат да го добие Нејмар

Секако сето ова може да се промени доколку Гризман влезе во ритам и докаже дека може да се носи со притисокот во дресот на „каталонците“.