Барселона од поодамна ја следи формата и играта на крилото на Вулверхемптон, Адам Траоре, но досега не упатила понуда до англискиот клуб.

Сепак, како што пишува Daily Mail, откако Каталонците дознаа за намерите на Реал да го купи Траоре, нивниот интерес значително порасна, па наскоро се очекува и официјална понуда.

Договорот на Траоре со „Волците“ е валиден до јуни 2023 година. Тој во клубот дојде во 2018 година за 20 милиони евра.

Оваа сезона тој настапи на 24 средби во Премиер лигата и има ефект од 4 гола и 7 асистенции.