Според пишувањето на „Marca“, Барселона може да добие дозвола да потпише напаѓач, без разлика на завршениот зимски преоден рок.

Каталонците можат да ја добијат дозволата поради повредите на Луис Суарез и на Усман Дембеле.

Оваа дозвола Барселона ќе ја добие од Кралската шпанска фудбалска федерација, но според нејзините правила Барселона ќе може да купи фудбалер само од шпанските лиги.