Лионел Меси инсистира неговиот соиграч од репрезентацијата, Лутаро Мартинез да биде донесен во Барселона, раководството на клубот работи на оваа проблематика, сака да му ја исполни желбата на својот капитен.

Барселона веќе преговара со Интер, тренерот на тимот од Милано, Антонио Конте има желба во тандем да ги има Лукаку и Џеко, се чини дека мисијата на Барселона може да биде успешна, со тоа ќе ја исполни и желбата на Меси.

Менаџерот на Мартинез, Алберто Жаке, тврди дека Барселона веќе подолго време го следи Мартинез, контакти директни со него нема, но со сигурност е дека интерес од шпанскиот тим има.