Барселона објави дека Усман Дембеле ќе паузира околу 6 месеци и тоа го потврди со потписите на лекарскиот конзилиум од болницата во Финска.

Со тоа се исполни условот Барселона да може да побара специјална дозвола од Кралската шпанска фудбалска федерација за вонредно купување на напаѓач. Барселона веќе ја поднесе молбата која ќе биде решена во следните 72 часа.

Но, правилата на Ла Лига во многу нешта ќе ја ограничат Барселона. Фудбалерот што ќе биде ангажиран мора да доаѓа од некоја од шпанските лиги, или да биде слободен агент. Освен тоа, на овој трансфер Барселона ќе смее да потроши најмногу 12 милиони евра.

Овој вториот услов во голема мера ќе го ограничи изборот, бидејќи по таа цена Барса може да го доведе само 32-годишниот напаѓач на Гетафе, Ангел Родригез, кој чини 10 милиони евра.