Барселона е подготвена ова лето да го пушти  Самуел Умтити во Интер, а на „Ноу Камп“ да пристигне дефанзивецот на „нероаѕурите“ Милан Шкрињар.

Мундо Депортиво тврди дека каталонците, покрај Лаутаро Мартинез ќе се обидат да „украдат“ уште еден фудбалер на Интер. Умтити се наоѓа на излезна врата од Барселона, а шпанскиот весник потенцира дека Барса ја пронајде неговата идеална замена во дефанзивецот на Интер.

Францускиот дефанзивец, сезонава имаше два пеха со повреди, по кои не успеа да се врати во вистинска форма, по што Барселона е одлучна во намерата да се ослободи од него во летниот преоден рок.