Нејмар е цврсто решен да се врати во Барселона но од ПСЖ имаат конкретни услови за продажба.

Откако јасно стана дека каталонците не можат да си го дозволат Нејмар поради превисоката цена, се бара ново решение. Според „Билд“, Барселона му ги понудила на ПСЖ: Умтити, Семедо и Дембеле или Кутињо во директна размена за Нејмар.

Дали ова ќе биде доволно за Нејмар да се врати во Барселона не е познато но извесно е дека трансфер сагата со Бразилецот ќе трае до последниот ден од преодниот рок ако двата клуба не најдат решение порано од 1 септември.