Како што известува на својот твитер спортскиот новинар, Николо Скира, Барселона му упати директна понуда на аргентинскиот напаѓач од Интер, Лаутаро Мартинес.

Каталонците на Мартинес му нудат договор до 2025 година, со годишна плата од 7 милиони евра, плус бонуси.

Интересно е тоа што Интер за него бара 150 милиони евра, а неговата откупна клаузула е вредна само 111 милиони евра, што значи дека секој може да го купи по таа пониска цена.

Уште поинтересно е тоа што Барселона е подготвена да плати повисока цена, само тоа да биде на рати, за да не дојде во конфликт со финансискиот фер-плеј

Оваа сезона 22-годишниот Мартинес настапи на 21 средба во Серија „А“, 19 пати во основен состав, и постигна 11 гола комбинирани со една асистенција.

Неговиот договор со Интер важи до 2023 година.