Откако потрошија повеќе до 200 милиони фунти во летниот преоден рок, челниците на Барселона мораат да внимаваат за да не ги прекршат правилата на Финансискиот фер-плеј.

Поради ова трансферот на Нејмар од ПСЖ преставува проблем. За да нема прекршување на правилникот, Барселона на првакот на Франција ќе му исплати 154 милиони фунти.

Исплатата ќе биде 36 милиони фунти веднаш, и по 59 милиони фунти во 2020 и во 2021 година пренесува ЕСПН.+

Во зделката ќе биде вклучен и Осман Дембеле но со загарантирана откупна клаузула со која Барселона ќе има предност во однос на другите заинтересирани, за да го купи напаѓачот ако ПСЖ реши да се ослободи од него во следните пет години.

Проблем е тоа што Дембеле не сака да ја напушти Барселона .