Барселона не се откажува од Лаутаро Мартинез, според медиумите од Шпанија и Италија, понудата кон Интер сега изнесува 70 милиони евра и Жуниор Фирпо.

Моменталната вредност на Жуниор Фирпо според Барселона е 41 милион евра, плус кеш од 70 милиони, се надеваат дека ќе го убедат Интер на договор.

Интер од друга страна не сака да преговара за компензацијасо играчи, засега не отстапува од планот, 111 милиони и Мартинез може да замине.

„El Mundo Deportivo“ тврди дека последната остапка на Интер е 90 милиони и еден играч од Барселона, но  и тоа не е сигурно.

Жуниор Фирпо е одличен дефанзивец, има 23 години, на Интер му  е потребно засилување во одбраната но прашање е дали ќе се реши на ваков договор.