Барселона со ангажманот на Антоан Гризман од Атлетико ја надмина границата од милијарда евра за трансфери во последните пет години.

Каталонците платија 120 милиони евра за Гризман, со тоа стигнаа до инвестиции од 1,08 милијарди евра изминативе пет години.

Барселона во овој период од пет години ги доведе на „Камп Ноу“ звездите Суарез, Кутињо, Дембеле, Френки де Јонг…

Зад Барселона е Манчестер Сити со 996 милиони, Јунајтед е трет со 890 милиони, Челзи е на четвртото место со 875 милиони, Јувентус е во топ 5 со потрошени 868 милиони евра.

Интересно е тоа што Рома е единствената која е во позитива, потрошила 586, но од продажба на играчи заработила 602 милиони.