Формата на Умтити, годините на Пике и губењето на трката со Јувентус за потписот на младата сезнација Матхијс Де Лигт се причините поради кои управата на Барселона размислува за купување на стоперот на Јунајтед, Виктор Линделоф.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона е подготвена да понуди 50 милиони евра за Линделоф во следните десет дена. Швеѓанецот ја стабилизираше формата во Јунајтед минатата сезона но сеуште нема загарантиран првотимски статус.

Линделоф во Јунајтед пристигна од Бенфика во 2017 за 33 милиони евра.