Шпанската фудбалска федерација донесе одлука, Барселона да плати казна од 300 евра поради „скандалот“ со наводното преговарање со Гризман уште во мај оваа година.

Атлетико Мадрид се жалеше и бараше истрага заа преговорите меѓу агентот на Гризман и челниците на Барселона. Оваа постапка заврши со симболична казна за каталонците кои добија финансиска глоба од 300 евра.

На ова од Барселона одговориле дека ќе се жалат по одлуката и оти казната само фрла дамка по трансферот на Гризман ова лето кој за 120 милиони евра го засили клубот од „Камп Ноу“.

Целиот циркус ќе има продолжение, се очекува и реакција од Атлетико Мадрид по донесената одлука но и најавената жалба на Барселона.