Агентот на Филипе Кутињо тврди дека неговиот клиент и во следната сезона ќе го носи дресот на Барселона. Ова е демант на сите шпекулации кои го поврзуваа Кутињо со враќање во Ливерпул или пак со трансфер во Јунајтед или во ПСЖ.
До сега немало официјални контакти за трансфер на Кутињо а од клубот најавиле дека планираат и во следната сезона да го имаат на располагање.
Што од ова ќе се оствари ќе покаже ова жешко трансфер лето во кое се може да се случи, прогнозираат шпанските медиуми.
Be the first to write a comment.