Претседателот на Барселона, Јозеп Бартомеу демантираше дека неговиот клуб брза со евентуалниот ангажман на Гризман од Атлетико Мадрид.

Како што и предходно тврдев, јас не сум разговарал со него. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите на трансфер пазарот па ќе реагираме, нема потреба од брзање. “ – вели Бартомеу.

Иако многумина очекуваа досега Барселона да престави барем едно ново звучно засилување, тоа сеуште не се случи. Бартомеу е дециден, Барселона нема потреба да купува панично.

Гризман секојдневно се поврзува со преселба на „Камп Ноу“ но засега нема ништо официјално околу иднината на напаѓачот кој сеуште е под договор со Атлетико Мадрид.