Менаџерот на Барселона, Чави ги смири навивачите по најавата дека Френки Де Јонг ќе биде продаден од тимот за подмирување на финансиски долг.

„Клубот работи на темата да го засили составот во зимскио преоден рок. Ако имаме нови играчи, можно е некој да биде продаден. Френки Де Јонг нема да го напушти клубот, тој не е на продажба.“ – вели Чави.

Според медиумите во Шпанија, во јануари Барселона ќе добие тројца нови играчи но од ѕвездите нема ниту една да биде продадена.