Барселона го сака Миралем Пјаниќ за следната сезона и ќе направи се да го донесе Босанецот во Шпанија.

Артур Мело дефинитивно отпаѓа, тој е тргнат од трансфер берзата, сега Барселона на Јувентус му го нуди Нелсон Семедо, пишува Тутоспорт.

На Јувентус му е потребен играч во одбраната, Смедо може да биде добро решение, Португалецот во Шпанија игра од 2017 година  иможе да се обедини со Роналдо во Торино.

Роналдо и Семедо имаат заеднички менаџер во името на Хорхе Мендез, се чини оваа трампа на играчи е возможна.