Интер и Барселона биле во преговори за Лионел Меси во 2006 година, клубот од Шпанија одбил понуда тешка 250 милиони евра.

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека двата клуба биле во преговори за трансфер на Меси пред 14 години, понудата изнесувала 250 милиони, но до реализација договорот не дошло иако финансиската ситуација во клубот не била добра.

„Со Масимо Морати преговаравме во 2006 година, нашиот клуб беше во незавидна финасиска ситуација, тие (Морати) сакаа да го донесат Меси во Интер, ја одбивме понудата“  – изјави Лапорта за Radio Onda Cero.