Откако беше обелоденето дека шпанската полиција спроведе голема кација поврзата со аферата „Барсагејт“ а притоа беа уапсени неколку видни членови на Барселона меѓу кои и поранешниот претседател, Бартомеу, „Каталонскиот“ гигант излезе со соопшетние до јавноста.

Од тимот од „Камп Ноу“ најавија дека ги следат сите инструкции и соработуваат со полицијата и обвинителството.

„Барселона дава полна поддршка во полза на истрагата на полицијата, за да помогне да за да расчистат фактите кои се цел на оваа истрага. Сите потребни информации и документи кои ги побара обвинителството се доставени до полицијата. Барселона го почитува целиот процес со цел да ги заштити сите невини луѓе кои се дел од оваа истрага.“ – стои во соопштението од Барселона.

Во меѓувреме новинарите во Каталонија се во исчекување на нови детали поврзани со денешното апсење.