Управата на Барселона во време кога не знае како да ја стабилизира финансиската позиција на клубот, кризата е се подлабока а најавен е и банкрот, се појави информација која дополнително ги загрижи навивачите.

Барселона му исплатила на Нејмар 10 милиони евра по грешка и сега ги бараат парите назад.

Шпанските медиуми тврдат дека каталонците доцна ја увиделе грешката но веруваат дека 10 милиони евра повторно ќе легнат на нивната сметка.

На потег е Нејмар кој во ПСЖ во меѓувреме преговара за нов договор со плата од 600 000 евра неделно.