Барселона и Реал со години се обидуваат да ги купат најдобрите фудбалери од најголемите клубови, а сега се појави информација дека Сенегалецот Мане може да заврши на „Камп Ноу“.

Според таа информација Барселона е подготвена да ги сруши сите трансфер-рекорди за да го доведе Садио Мане во својот тим.

Досегашниот трансфер-рекорд го држи ПСЖ, кој го купи Нејмар од Барселона за 222 милиони евра. Сега, наводно, Барселона е подготвена да даде фантастични 270 милиони евра за фудбалерот на Ливерпул, кого инаку сакала да го купи и во 2017 година.

Мане во Ливерпул дојде од Саутемптон за 41,2 милиони евра и вомоментот е еден од главните играчи во машинеријата на Јирген Клоп.

Инаку, Ливерпул и порано ги продавал своите најдобри фудбалери за големи пари, па така заминаа Луис Суарез и Филипе Кутињо, токму во Барселона.

Мане сезонава одигра 24 натпревари и постигна 13 гола, комбинирани со 8 асистенции во Премиер лигата.

Вкупно, на сите натпреварувања оваа сезона, Мане одигра 34 средби, со учинок од 17 гола и 11 асистенции.