Играчот за врска на Челзи, Вилиан, дефинитивно нема да биде дел од Барселона.

Според информацијата на Mundo Deportivo, Барселона се откажа од 31-годишниот Бразилец најмногу поради неговата возраст, иако можеа да го добијат бесплатно, бидејќи летово му завршува договорот со Челзи.

Освен тоа, во Барселона сметаат дека доаѓањето на Вилиан ќе го забави прогресот на младиот Ансумане Фати.

Како трета причина се споменува евентуалното враќање на Нејмар од ПСЖ.

Вилиан сезонава одигра 27 средби во Премиер лигата и постигна 4 гола, а имаше и 5 асистенции.