Откако не успеа да го ангажира ова лето, Барселона има план за нови преговори со Челси околу евентуалниот ангажман на Вилиан на „Камп Ноу“.

Бразилецот има договор со тимот од Лондон до крајот на оваа сезона и во јануари ќе може слободно да преговора со кого сака. Каталонците посакуваат да го добијат крилниот плејмејкер во зимскиот преоден рок а за тоа да му платат на Челси околу 10 милиони евра.

Доколку Вилиан се согласи на преселба на стартот од 2020 година, Лампард ќе има нов проблем со оглед на тоа дека клубот не може да купува нови играчи.

Барселона во Вилиан гледа искусен играч кој ќе му помогне на Дембеле полесно да се прилагоди во системот на игра на каталонците.