Барселона е толку блиску до банкрот што од големите компании морале да бараат одложување на подмирувањето на долговите, јавуваат шпанските медиуми.

Големите трошоци кои клубот ги има се собираат со години, како за трансферите така и за високите плати на играчите, па поради тоа клубот се најде во тешка ситуација.

Шпанските медиуми пишуваат дека вкупните долгови на Барселона изнесуваат 601.800.000 евра, од кои дури 300.000.000 се долгови кои наскоро стасуваат за наплата.  Поради ова клубот побарал од неколку банки и осигурителни компании да ги одложат своите побарувања за нивните долгови, а со цел клубот да избегне инсолвентност.

Долгот на Барселона повеќе од двојно се зголеми само за време на сезоната 2019/20, па сега клубот бара начини како да заштеди и да се спаси од финансиските проблеми.