Милан е во потрага по засилување во зимскиот преоден рок, желби има многу, последната е Даниел Олмо од Динамо Загреб, репрезентативец на Шпанија.

Олмо вечерва ќе настапи против Аталната на „Сан Сиро“, Звонимир Бобан ќе разговара со раководството на Динамо, ќе ја искористи Хрватската врска за да го доведе во Милан репрезентативецот на Шпанија.

Ривал на Милан за потписот на Олмо е Рома која исто така сака да го види во своите редови. Динамо Загреб објави дека Шпанецот може во друг клуб за најмалку 30 милиони евра.

Олмо во Динамо Загреб дојде во 2014 година откако Барселона процени дека не е талентиран.