Шпанскиот гигант  Барселона го реализираше трансферот на младиот бразилски фудбалер Густаво Маје, откако на почетокот од годината „каталонците“ им дадоа депозит на Сао Паоло.

Маје иако нема настап за сениорскиот тим на Сао Паоло, брилјира во младинските категории на бразилскиот великан и бразилската репрезентација.

Барселона за трансферот на Маје треба да исплати уште 3,5.милиони евра и ја добија битката со Ливерпул и Атлетико Мадрид кои исто така беа во борба за потписот на Маје.