Мирален Пјаниќ не успеа да се наметне во Барселона и се чини дека на крајот на сезоната ќе го напушти клубот. По 28 натпревари без гол и асистенција, каде во просек играл околу 45 минути, и самиот Пјаниќ ќе прифати заминување, пишуваат шпанските медиуми.

Заинтересирани има, а веќе се пишуваше за можната размена на играчи, според која Пјаниќ би се вратил во Јувентус, а во Барселона би заминал Родриго Бентанкур. Но, Барселона има и други планови.

Члези финалистот во Лигата на шампионите и моментално третопласиран тим во Премиер лигата, во своите редови го има Жоргињо, играч кој им се допаѓа во Барселона и шпанскиот клуб ќе се обиде да ја реализира таа работа. Две опции се во игра, наведуваат шпанските медиуми, а и двете ги вклучуваат Пјаниќ и Жоргињо.

Во првата Барселона ќе се обиде да го даде Пјаниќ на позајмица во Челзи и да ја доведат замената во играч кој им се допаѓа, а во другата да го купат италијанскиот репрезентативец, а Пјаниќ тука би бил корисен за намалување на цената.