Според информацијата на Mundo Deportivo, Барселона ја разгледува можноста за продажба на фудбалерот од средниот ред, Филипе Кутињо.

Овој 27-годишен Бразилец сезонава е на позајмица во Баерн, со опција за откуп вредна 120 милиони евра. Баерн остана задоволен од настапите на Кутињо, но ни на крај од умот не му е да даде толку пари, што и го кажа на Барселона.

И Каталонците се свесни дека по таа цена нема да најдат купец, па затоа размислуваат за цена меѓу 80 и 90 милиони евра.

Кутињо оваа сезона настапи на 18 средби во Бундеслигата и има ефект од 6 гола и 6 асистенции.