Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Никола Миротиќ, е пред потпис со Барселона.Миротиќ кој потекнува од школата на Реал Мадрид, периодот кој следи ќе го одбележи во дресот на најголемиот ривал на Кралевите,Барселона.

Миротиќ мината сезона запиша вкупно 46 настапи за Пеликанс и Бакс во НБА лигата, каде во просек постигнуваше по 15,2 поени по натпревар.

Со овој ангажман Барселона станува еден од главните конкуренти за освојување на титулата во кошаркарската Евролига во сезоната која доаѓа.