Откако не успеа да се договори со Јувентус за трампата во која требаше да биде вклучен Миралем Пјаниќ, раководството на „Каталонците“ одлучиле дека подобро е да се насочат кон евентуален ангажман на Фабиан Руиз од Наполи.

Ова значи дека Барселона ќе влезе во директна битка со Реал Мадрид кој пак во Руиз гледа замена за Модриќ а алтернатива за Погба.

Фабиан Руиз во моментов на трансфер пазарот вреди околу 60 милиони евра додека Наполи за играчот за врска очекува најмалку 90 милиони евра.

Наполи неодамна се обиде да го продолжи договорот со Руиз но играчот одби да прифати долгогодишна соработка.