Играњето без публика и намалениот буџет кој го обезбедуваат спонзорите се причините поради кои Барселона можно е ова лето само да продава фудбалери а притоа да не ги донесе посакуваните засилувања.

Ова го потврди претседателот на клубот Бартомеу кој најави дека финансиската криза која е последица на Ковид-19, сериозно влијае по плановите на клубот од „Камп Ноу“.

Барселона во моментов нема сили за да инвестира во трансферите на Нејмар и Лаутаро иако тоа на големо се најавуваше.

Бартомеу очекува кризата допрва да се почувствува, во моментов Барса е во загуба од 200 милиони евра а до нова година тоа може да се дуплира.