Спорот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона заврши. Каталонците ќе им платат на „јорганџиите“ дополнителни 15м илиони евра поради предвремените преговори со Гризман кој ова лето пристигна на „Камп Ноу“.

Шпанската фудбалска федерација предходно ја казни Барселона со 300 евра па откако Атлетико најави дека целиот случај и документацијата ќе биде јавно објавена, од Барса се согласија да платат уште 15 милиони евра но и да имаат предност за евентуален трансфер на Саул, Хименез и тројца талентирани од младинската школа на Атлетико.

Сова осе чини дека сагата со трансферот на Гризман во Барселона завршува а морален победник е Атлетико Мадрид.